Домаќинките и овој месец – фантастични: Погледнете како беше во Тетово

Домаќинките и овој месец – фантастични: Погледнете како беше во Тетово

SHARE

Денес во „Палма мол-Тетово“, во организација на списанијата „Испрати рецепт“ и „Торти и колачи“, кои се во сопственост на издавачката куќа „Колор медиа“, се оддржа настанот „Домаќинка на месецот“. Генерален покровител на овој настан беше компанијата „Подравка“, а учество зедоа 10 жени со своите специјалитети приготвени со „фант“.

IMG_4237

IMG_4229

IMG_7913

Освен читателките на „Испрати рецепт“, првпат на овој настан учество зедоа и домаќинките од здруженитео „Вешти жени“, кои и во иднина ќе учествуваат на овие избори на „Домаќинка на месецот“.

IMG_4111
Креативни и вкусни специјалитети

IMG_4173 IMG_4175 IMG_4178

УЧЕСНИЧКИ:

01. СРЕБРА СТОЈКОСКА– Тава „Ла теќе“

02. МЕДИЈА ХАМДИ– Гулаш со фант

03 ДОБРИЛА БЛАЖЕВСКА–  Сечкана потпечена кокошка во тава

04. АСИЈЕ СЕЛМАНИ-Плескавици и ќофтиња со фант

05. ДАНИЕЛА ДИМИТРИЕСКА– Ќофтиња со сос и со кисело млеко

06. ХАТИЏЕ ИСЉАМИ– Сарма со кинеска зелка

07. ДУШИЦА ЈАКИМОВСКА ДИМОСКА– Имам бајалди

08.  РАНКА МИТЕВА– Кркуша (пилешко со печурки)

09. ПАВЛИНА ПЕТРУШЕВСКА– Месни коцки

10. БОНКА БОГОЕВСКА– Ролат со мелено месо

Жирито имаше тешка задача
Жирито имаше тешка задача
IMG_4226
„dm“ ги награди и членовите на жирито

IMG_4204

 За време на натпреварот, од страна на жирито, составено од поп-пејачката Верица Пандиловска, боксерот Велин Мумин, водителката Јелена Спенџарска, професионалниот готвач Дејан Христовски и манекенката од модното студио „Црнокрак“ – Ана Трајковска, беа дегустирани специјалитетите од месо што ги приготвија овие домаќинки. Станува збор за главни јадења во чие приготвување домаќинките го употребија зачинот FANT на компанијата „Подравка“, а присутните имаа можност да дегустираат најразлични специјалитети.

IMG_4196
Главната уредничка на „Испрати рецепт“, Наде Стојилковиќ IMG_4248

Менаџерката на „Паоло Бочели“ ги награди првите три домаќинки со по една чанта

IMG_4260
Маркетинг-директорот на „Подравка“, Денис Крсник
IMG_4257
„Подравка“ и вторпат покровител на „Домаќинка на месецот“
IMG_4251
Подароците од „Колор медиа“- апарати за домаќинство – ги додели маркетинг-директорот на компанијата, Александар Наков

IMG_4218

IMG_4264
Водителка на настанот беше шармантната Јована Стојменовиќ

IMG_4164

Сите домаќинки што учествуваа на настанот добија по еден пакет производи од „Подравка“, гравирани дрвени штици за сечкање од списанието „Испрати рецепт“, и пакет производи од дрогеријата „dm“. Со одлука на жирито, Сребра Стојковска од Тетово, Добрила Блажевска од Скопје и Медија Хамди од Тетово ги освоија првите три места. Победничките добија пакети производи од „Подравка“, кујнски прибор и садови за готвење подарок од „Колор медиа“ и прекрасни чанти од „Паоло Бочели“. Следниот настан „Домаќинкана месецот“ ќе се оддржи идниот месец во Струмица. Водителка на програмата беше Јована Стојменовиќ.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор