Ги „кутна“ грипот: „Докторите“ весели и во болнички кревет

Ги „кутна“ грипот: „Докторите“ весели и во болнички кревет

SHARE

uros-turkulov-foto-facebook_

Утревечер нема да се емитува емисијата во живо на популарното музичко шоу „Икс-фактор“ затоа што учесниците и дел од продукцијата ги „порази“ грипот! Имено, во официјалното соопштение на продукцијата стои дека во вторник ќе се емитува „Икс-фактор специјал“, со цел гледачите подобро да ги запознаат натпреварувачите. Инаку, членовите на групата „Доктори“ изгледа го извлекоа подебелиот крај, затоа што некои од нив завршија во болнички кревет. Но тоа не ги спречи да го задржат ведрото расположение, судејќи барем по фотографиите и коментарите што ги објавуваат на социјалните мрежи.

„Се лекувам со супи и со чаеви. но не би се бунтувале кога би нè лекувале и нашите ’пациентки’“, се пошегува Урош  Туркулов, притоа алудирајќи на фан-групата на неговата група – „Пациентки“.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор