Анѓелка Прпиќ: „Мажот не се бара според некој список на желби“

Анѓелка Прпиќ: „Мажот не се бара според некој список на желби“

SHARE

Се навикнавме Анѓелка да ја гледаме во духовитите вербални дуели со Андрија во хумористичната серија „Андрија и Анѓелка“. Но што се случува кога Анѓелка од ТВ ќе ја соочиме со Анѓелка Прпиќ, актерката што го толкува нејзиниот лик? Накратко: се уриваат стереотипите!

Анѓелка Прпиќ и Андрија Милошевиќ во хит-серијата „Андрија и Анѓелка“

Анѓелка од ТВ „меле“, а Анѓелка Прпиќ…

Во една пригода му дадов совет на мојот сопруг: „Ако не сакаш да се претворам во расипана воденица – вклучи се, учествувај и ти!“ Тој го сфати тоа сериозно и ми помогна да не „мелам ко празна воденица“. Без разлика на тоа, често во мојот говор ги забележувам сите интонации што како мала ги слушав од мајка ми кога ни се обраќаше на тато и на нас, децата. Еден мој пријател, според мене еден од најдобрите драматурзи и сценаристи, ми кажа дека мажите во својата глава тоа го преведуваат во „бла-бла-бла, секс, бла-бла-бла, секс, бла…“

Му кажавте на сопругот да учествува, но во што?

Не сум приврзаник на фразата „борба за женските права“, затоа што сметам дека навистина сме еднакви. Ако детето, куќата, градината и сè е заедничко, тогаш логично е работите да ги делиме според сензибилитетот или слободното време. Всушност, јас сум малку патријархално воспитана, па длабоко во себе сепак сметам дека некои обврски им прилегаат на жените, а некои на мажите… Иако, не ми е проблем да одам на вулканизер за да ми ги замени гумите на автомобилот, исто како што не гледам ништо чудно ако мажот ги пружи алиштата или го исчисти тоалетот. Мојот маж го прави тоа подетално дури и од мене.

Анѓелка и Дарио Прпиќ со синот Јакша

Дали Вие го научивте да чисти?

Има голема вистина во тоа дека повеќето работи зависат од тоа во какво семејство сте израснале. Некој може и да се оттргне, но повеќето од нас се огледало на родителите.

Текст: Бранкица Трескавица

Остатокот од интервјуто со духовитата актерка прочитајте го во печатеното издание на списанието „Убавина и здравје“.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор