SHARE

По низата афери за сексуално злоставување што ја тресат холивудската филмска индустрија, уште еден славен актер се најде на тапет.

Имено, Мајкл Даглас, кого публиката го обожава и цени поради долгогодишната и успешна филмска кариера, е обвинет од страна на куќната помошничка дека се самозадоволувал пред неа. Таа се пожалила дека добила и отказ од актерот и сега работи како блогерка.

Ја отпуштив поради начинот на кој ја вршеше работата и тоа е тоа. Не знам од каде сега ова. Секогаш сум бил горд на својата репутација и на актерската кариера. Сега моите деца се преплашени дека ќе ги етикетираат како личности чиј татко е сексуален предатор“, се жали актерот.

Куќната помошничка нагласува дека додека се самозадоволувал, Даглас изговарал перверзии, а подоцна од незадоволство ја оцрнил за никогаш повторно да не добие работа.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор