Повторно на нишан: Дејвид Бекам има помлада љубовница?!

Повторно на нишан: Дејвид Бекам има помлада љубовница?!

SHARE

Викторија и Дејвид Бекам се речиси 20 години во брак, а за тоа време, медиумите неколку пати ги разведуваа.

Сепак, Бекамови им одолеаја на искушенијата и останаа во заедница и покрај сите шпекулации за наводните афери на бившиот фудбалер.

Најнова во низата на гласини е онаа дека Бекам се вљубил во 13 години помлада девојка по име Лејди Мери Чартерис. Како што пренесуваат странските медиуми,  Лејди комплетно му го свртела паметот на познатиот фудбалер, а неговите пријатели тврдат дека полудел по неа и поради неа останува до раните утрински часови на забавите што таа ги организира.

Дополнителна нервоза и’ создава фактот што тој често отсуствува од дома и останува до доцните часови на забавите на Лејди.

„На Викторија воопшто не и’ е драга, но на Дејвид му се допаѓаат забавите што ги организира, на кои не дозволува другите мажи да разговараат со неа“, открил близок пријател на Дејвид Бекам.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор