НАЈДОМАЌИНКА НА МЕСЕЦОТ Е ВАЛЕНТИНА ПЕЈОВСКА

НАЈДОМАЌИНКА НА МЕСЕЦОТ Е ВАЛЕНТИНА ПЕЈОВСКА

SHARE

ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА „ИСПРАТИ РЕЦЕПТ“,„ТОРТИ И КОЛАЧИ“ И „ПОДРАВКА“ БЕШЕ ОДРЖАН И ТРЕТИОТ ИЗБОР НА „ДОМАЌИНКА НА МЕСЕЦОТ“

„Домаќинка на месецот“ во Битола: креативноста и умешноста на домаќинките од Битола навистина на незавидно ниво – одлични специјалитети, вкусна храна, интересни идеи. Битолчани се покажаа и како одлични домаќини, а генерален спонзор на изборот е „Подравка“ од Хрватска.

На 29 ноември во објектот Веро (Горно) во Битола, во организација на нашите списанија „Испрати рецепт“ и „Торти и колачи“, се оддржа и третиот натпревар „Домаќинка на месецот“. Генерален покровител и на овој настан беше компанијата „Подравка“. Во изборот учествуваа десет натпреварувачки, кои и досега редовно испраќаат рецепти во нашите списанија, а овој пат приготвија интересни и вкусни специјалитети со „фант“. Водителка на програмата беше Јована Стојменовиќ.

F 1 Domakinka na mesecot - 064

УЧЕСНИЧКИ БЕА: 01. ЕЛИЗАБЕТА ЈОСИФОВСКА – Тркалани ќофтиња со фант 02. МИРЈАНА ЛОЗАНОВСКА – Сарма од лозов лист 03. ДИЈАНА ТАЛЕВСКА– Гурманска тава 04. НАТАША ШВИГИР– Пилешко во фант-сос 05. ЉУБИНКА ЧАВДАРОВСКА– Стек со павлака и со кари 06. ВАЛЕНТИНА ПЕЈОВСКА – Селска тава со печурки 07. ВИКИ СТОЈАНОВСКА-КИТАНОВСКА – Гурмански ќофтиња во бешамел-сос 08. ЖАКЛИНА СТОЈКОВСКА– Компири полнети со мелено месо 09. СИЛВАНА КУКАНОВСКА– Батаци со зачини 10. СТОЈАНКА ЧУЛАКОВСКА– Растурена тава

F 2  Domakinka na mesecot - 056

За време на натпреварот, од страна на жирито, составено од: пејачката Татјана Стефановска, ТВ-водителката Неда Маретиќ, пејачот Димитар Андоновски, првакињата во бикини-фитнес Марија Нацева и пејачот Николче Симоновски-Јошка беа дегустирани специјалитетите од месо што ги приготвија овие домаќинки. Станува збор за главни јадења во чие приготвување домаќинките го употребија зачинот „фант“ на компанијата „Подравка“, а присутните имаа можност да дегустираат најразлични специјалитети.

Domakinka na mesecot - 008 Domakinka na mesecot - 079 Domakinka na mesecot - 081 Domakinka na mesecot - 082 Domakinka na mesecot - 138 Domakinka na mesecot - 145 Domakinka na mesecot - 189 Domakinka na mesecot - 193

. F 3 omakinka na mesecot - 062

Сите домаќинки што учествуваа на настанот добија по еден пакет производи од „Подравка“, изгравирани дрвени штици за сечкање од списанието „Испрати рецепт“, како и пакет производи од компанијата „Везе шари“ од Тетово. Со речиси едногласна одлука на жирито, Валентина Пејовска го освои првото место, Дијана Талевска второто место, а на Наташа Швигир се најде на третото место. Победничките добија поголеми пакети производи од „Подравка“  и кујнски апарати – подарок од „Колор медиа“.

F 5 Domakinka na mesecot - 084

Водителката Јована Стојменовиќ го прашува жирито за првите впечатоци од дегустацијата.

F 6 Domakinka na mesecot - 099

Уредничката на списанијата „Испрати рецепт“ и „Торти и колачи“ објаснува како течеше организацијата на изборот.

F 7 Domakinka na mesecot - 114

Домаќинките им ги полнат чините на членовите на жири-комисијата за да пробаат.

F 8 Domakinka na mesecot - 134

По изразот на лицето на Татјана Стефановска и Марија Нацева, се гледа дека јадењата се превкусни.

F 9 Domakinka na mesecot - 101

Публиката гледа без око да ѝ трепне.

F 10 Domakinka na mesecot - 080

Додека дел беа заинтересирани за изборот, другиот дел од присутните ги дегустираа производите на генералниот спонзор „Подравка“.

F 11 Domakinka na mesecot - 194

Откако беа испробани првите пет јадења, на ред беа наредните пет специјалитети. И овие домаќинки објаснуваат што вкусно зготвиле.

F 13 Domakinka na mesecot - 262

На крајот сите домаќинки нестрпливо ги очекуваат резултатите од гласањето.

F 14 Domakinka na mesecot - 273

Победничка може да биде само една, Валентина, Пејовска, иако сите заслужуваа чисти десетки! Откако учесничките добија подароци од спонзорот „Везешари-Лекер“, изгравирани даски од „Колор медиа“, и претставникот на „Подравка“ Денис Крсник им ги подели подароците од „Подравка“.

Domakinka na mesecot - 037

Едно од јадењата што се најде на второто место – Гурманската тава! Изгледа превкусно!!!

Domakinka na mesecot - 050

Пилешко во кари-сос.

Domakinka na mesecot - 153

Сувата пиперка како завршна декорација на победничкиот рецепт Селската тава со печурки!

Фото: Ристе Троковски

Следете нè на Instagram

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор