Македонија нема да учествува на „Евросонг“?

Македонија нема да учествува на „Евросонг“?

SHARE

Очигледно Македонија нема да има претставник на „Евросонг“, кој ќе се одржи следната година во мај во Лисабон, Португалија. Официјалната страница на „Евровизија“ вчера го објави списокот на учесници на овој престижен музички фестивал, меѓутоа Македонија изостасува на листата – пишува порталот „фокус.мк“. По се изгледа имало вистина во гласините дека ЕБУ ќе ја казни Македонската радио и телевизија поради долгот кој го има кон неа.

Инаку, Македонија минатата година ја претставуваше младата пејачка Јана Бурчевска, која за жал не успеа да обезбеди пласман во финалето на овој најголем музички фестивал во светот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор