Лошо ѝ се пишува: Северина и Игор ќе се разведат?!

Лошо ѝ се пишува: Северина и Игор ќе се разведат?!

SHARE

На Северина Којиќ не и’ претстои светла иднина, тврди астрологот Ивица Мариновиќ, и предупредува дека нејзиното паѓање ќе почне од љубовните проблеми и дека идилата со малиот Кеба нема да потрае.

„Северина Вучковиќ заради љубовта се подигаше од пепелта како нова и преродена жена веќе неколку пати, но кон крајот на годината ја очекува љубовен пад и почнуваат проблемите и психичките малтретирања. Таа се држи подалеку од проблематичните теми и ситуации поради душевниот мир, но кон крајот на ноември ќе ја совладаат стравовите од емоционално отфрлување. Многу ќе страда психички, а тоа ќе го знаат нејзините најблиски кои нема да и’ помогнат, затоа што нема да ја сфатат сериозно. Таа нема долго време да го трпи тоа и, според положбата на ѕвездите, нејзиниот брак ќе биде сериозно загрозен кон половината на идната година. Ќе купи нов дом и во почеток на годината ќе го заврши судскиот процес што го влечка веќе подолго време, но не во своја полза. Таа си го наметнува притисокот да остане на врвот, но исто така ги избегнува животните лекции, поради што мора да повторува исти ситуации на неколку години. Мора да внимава да не падне во туѓи раце бидејќи така ќе ги загуби моќта, силата, а потоа и ќе се самоуништи. Постои можност поради таа личност сосема да ја напушти естрадата и да и’ остане неостварена најголемата амбиција, а 2019 година ќе и’ биде најтешка по прашање на физичкото здравје. Тогаш и’ се закануваат најголемите опасности, од крѓење на коските, проблеми со главата и со вилицата до сообраќајни несреќи.“

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор