Кеба удри девојка на пешачки премин: Пејачот се огласи за несреќата

Кеба удри девојка на пешачки премин: Пејачот се огласи за несреќата

SHARE

Фолк-пејачот Драган Којиќ Кеба вчеравечер околу 20 часот, во белградската населба „Нови Београд“, удрил со својот автомобил „ауди“ девојка на пешачки премин.

Осумнаесетгодишната девојка била превезена во болница каде што и’ биле константирани полесни повреди на главата, грбот и ногата. Според изјавата на нејзината блиска другарка, А.Ѓ. доживеала и епилептичен напад од сообраќајната несреќа.

„Во ниеден миг не застана, ниту, пак, забави пред пешачкиот премин. Инсистираше тој да ја однесе во болница. Веројатно сакаше да скрие што се случило, но другарката што беше со А.Ѓ. беше побрза и повика итна помош која дојде“, раскажува другарката на повредената за „Телеграф.рс“, мошне револтирана од однесувањето на пејачот.

Против пејачот е поднесена кривична пријава за загорузвање на сообраќајот, а како што пренесуваат српските медиуми, му бил направен и алко-тест кој покажал дека не консумирал алкохол.

Кеба, кој цело време бил покрај повредената девојка, се наоѓа во шок, а за весникот „Ало“ изјавил дека е наважно тоа што 18-годишната А.Ѓ. е добро.

„Јас сум во голем шок, но важно девојката е добро. Во оваа пригода јавно им се извинувам на девојката и на нејзиното семејство. Бев со нив цело време, и, фала му на Господ, таа е во добра состојба, прегледана е и пуштена дома… Не знам што повеќе да кажам“, изјави Кеба за „Ало“.

Прочитајте и: Тони Цетински прегази човек: Исповед на синот на жртвата

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор