И Дастин Хофман обвинет: Холивуд го потресе нов сексуален скандал

И Дастин Хофман обвинет: Холивуд го потресе нов сексуален скандал

SHARE

Познатиот холивудски актер Дастин Хофман одговори на обвинувањата за сексуално вознемирување на 17-годишна девојка. Имено, писателката Ана Греам Хантер објави дека актерот ја „допирал“ и ја „наведувал на непристоен разговор“ со сексуална конотација за време на снимањето на филмот „Смртта на трговскиот патник“ во 1985 година.

Актерот јавно призна: „Избрав да живеам како хомосексуалец“

Хофман се извини „за се’ што можеби направил“ за време на снимањето на филмот пред три децении. Тој во соопштението наведе дека најголема почит има кон жените и дека се чувствува ужасно поради тоа што ја довел Хантер во непријатна ситуацвија.

„Навистина жалам. Тоа не е одраз на она што сум јас“, истакна актерот.

Хантер за време на снимањето била дел од помошниот персонал.

„Првиот ден на снимањето побара од мене да му ги измасирам стапалата. Јас се согласив на тоа“, напиша таа во текстот за „Холивуд репортер“. Сите детали од односот на Хофман кон неа, за време на петте недели на снимањето, Хантер ги опишала во дневникот што го водела, и потоа го испратила на сестра си.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор