Вистината за разводот на Ана Николиќ и Раста Ѓуриќ

Вистината за разводот на Ана Николиќ и Раста Ѓуриќ

SHARE

Поп-пејачката Ана Николиќ се разведува со Стефан Ѓуриќ Раста и сака да има старателство над тримесечната ќеркичка Тара. Пејачката ангажирала да ја застапува еден од најдобрите адвокати во Белград, Боривоје Боровиќ.

„На Ана порано не и’ пречеа пороците на Раста, но тој почна да претерува и тоа влијаеше врз нивниот секојдневен живот. Таа мислеше дека ќе се смири кога ќе стане татко, но тој стана уште полош. Работите почнаа да излегуваат од контрола, а нејзе и’ се смачи да повторува една иста приказна и на крај одлучи дека е подобро да се разделат“, тврди извор за „Информер“, кој истакнува дека Ана нема да му забранува на Раста да ја гледа Тара.

Ана Николиќ: „Бев очајна што ќерка ми личи на татка си“

„Без разлика на деновите што законски ќе му припаднат, таа е подготвена и среде ноќ да му ја отвори вратата на Стефан доколку посака да ја види ќеркичката“, завршува изворот.

Но како што пишува „Курир.рс“, причината за разводот е нешто сосема друго, односно, станува збор за наводна прељуба од страна на раперот.

Имено, Ана слушнала приказни дека Раста и неговата колешка Љупка Стевиќ многу се зближиле и ја поминале границата на професионален однос, како и дека двете песни, од кои едната е дует со него, и’ ги продал за многу помалку пари отколку што им наплатува на другите пејачи. Исто така, жестоко се скарале бидејќи се договориле по нивниот дует „Случајност“ Раста веќе да не снима дуети со други пејачки, но тој го прекрши ветувањето.

Ѓуриќ и Љупка Стевиќ станале блиски летово во Црна Гора каде што заедно настапувале во еден клуб.

„Две недели по породувањето на Ана, Раста отпатува со Љупка во Црна Гора. Беа сместени во ист хотел. Сите коментираа дека меѓу нив светкаат искри. Оттогаш речиси секој ден контактираат“, раскажува добро ифнормиран извор за „Курир“.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор