Вака беше на бајковитата венчавка на Каролина и Михаил (ФОТО)

Вака беше на бајковитата венчавка на Каролина и Михаил (ФОТО)

SHARE

Нашата поп-дива Каролина Гочева и познатиот уметник Михаил Корубин, вчера го изговорија судбоносното „да“.

Венчалната церемонија се одржа на пистата на спортскиот аеродром „Стенковец“, пред роднините и пријателите на популарната љубовна двојка.

Убавата пејачка блесна во винтиџ-венчаница изработена од тантела, која ја следеше линијата на нејзиното вито тело, а уметникот носеше елегантен црн костум.

На свадбената прослава присуствуваа роднините, блиските пријатели, познати личности кои уживаа во романтичната церемонија што потсетуваше на модерна бајка.

Во текот на веселбата, Каролина се пресоблече во краток бел фустан во која запеа пред своите гости.

Се’ на се’, целата венчавка беше совршено организирана, во која уживаа младенците и гостите, сите заедно славејќи ја љубовта на Каролина и Михо. Честитки!

Фото: Интернет, Фејсбук

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор