Брат му на Кевин Спејси ја откри нивната мрачна семејна тајна

Брат му на Кевин Спејси ја откри нивната мрачна семејна тајна

SHARE

Интересот за животот на Кевин Спејси по јавното признавање дека е геј и обвинувањата за сексуален напад, не стивнува. Актерот отсекогаш се трудел да го сокрие својот приватен живот и тоа му одеше од рака, сè до овој момент.

Неговиот постар брат, Рендал Фаулер (61) за „Дејли Мејл“ ја откри нивната семејна, мрачна тајна.

Кевин и Рендал; фото извор: dailymail.co.uk

Имено, таткото на Кевин и Рендал бил нацист, кој не криел дека ги мрази Евреите, а исто така, го силувал Рендал, за што знаела и мајка им. Таткото го малтретирал целото семејство толку многу што го викале „Чудовиштето“.

Фаулер додава дека обивнувањата со кои се соочува неговиот брат за него се посебно вознемирувачки, имајќи го предвид искуството со татко му, што го обележало доживотно.

Инаку, тој е возач на лимузина и имитатор на Род Стјуарт. Неговиот живот е далеку од очите на јавноста, за разлика од оној на неговиот брат. Тие имаат и сестра Џулија, која е второто дете во семејството и која со нив ги споделувала лошите денови во „куќата на ужасот“, предизвикани од нивниот первезен и садистички расположен татко, Томас Џефри Фаулер.

Томас Џефри Фаулер

-Јас одбив да имам деца, бидејќи стравував дека на нив може да се пренесе тој нездрав, сексуално предаторски ген – вели Рендал.

Во интервјуто за британскиот весник, дадено неколку часа пред Спејси да го објави признанието, Фаулер го опишува брата си како „празен сад“ кој никогаш немал вистинска врска со никого, освен со нивната мајка.

-Никој од нас немаше шанси да порасне како што треба со двајца така оштетени родители. Јас имам три брака зад себе и 40 афери – призна Рендал.

Инаку, Томас се приклучил кон Американската нацистичка партија кога Спејси и неговиот брат и сестра биле деца. Мустаќите ги избричил сосема кратко, да потсетуваат на оние на Адолф Хитлер и редовно во тој период го бичувал и силувал најстариот син.

Рендал, Кевин, Џулија и нивната мајка Кејтлин

Спејси се обидувал да го смири татка си, додека овој го малтретирал неговиот брат. Ниту нивната сестра не поминувала без последици. Томас често ја тепал, а кога имала 18 години, успеала да избега од дома.

-Нашиот дом беше обвиткан со толку многу темнина, што нема ни да ви се верува. Беше мизерно. Кевин се обидуваше да го игнорира тоа што се случува обвиткувајќи се во емоционален меур. Стана многу итар и паметен. Беше одлучен раните од бичувањето да бидат само физички. Научи да нема чувства. Немаше чувства – објаснува најстариот брат.

Немале пријатели бидејќи стравувале дека ќе ги видат ѕидовите од канцеларијата на татко им покриени со слики од голи мажи и жени и порнографија.

Семејството го прехранувала нивната мајка Кејтлин, која имала постојана работа како секретарка, додека нејзиниот сопруг понекогаш ќе земел по некоја хонорарна работа.

Кевин и Кејтлин

Според братот на Спејси, нивната мајка ја открила и била „згрозена“ од мрачната страна на Томас во 1963 година, кога открила дека злоставувал тинејџерка, која згора на сè била и нивна роднина.

Фаулер помалиот, првпат бил злоставуван кога имал 12 години.

-Ме однесе во неговата спална соба и ми рече дека ќе ме научи за птиците и пчелите. Ми ги откопча панталоните и почна да си игра со мене. Бев преплашен, викав по мајка ми. Таа веднаш дојде и тропаше по вратата, но татко ми ја имаше заклучено и ми кажа да бидам тивок. После некое време, тропаењто на мајка ми престана. Мама замина. Никогаш не сум се почувствувал толку напуштен. Татко ми почна да ме силува. Тоа беше почетокот на мојата адолесценција – раскажува сега 61-годишниот Рендал.

Оттогаш, па во наредните четири години, малтретирањето било сè погрубо и подолго, а и почесто.

Рендал се обидел да се бунтува. Сестра му избегала, а Кевин се затворил во себе и се трудел да не си навлече неволја.

-Кевин се трудеше да нè оттргне од сè и да нè расположи така што имитираше познати ликови. Глумата беше веројатно неговиот начин да избега од целиот ужас. Јас константно му се заканував на татко ми дека ако некогаш го допре брат ми, дека јас ќе се соочам со мајка ми и ќе кажам што сè се случува и ќе го уништам семејството. Се жртвував за Кевин. Тој и јас бевме многу блиски, затоа што имавме многу малку пријатели.

Кевин и Кејтлин

Единствената работа што го спречувала Рендал да не изврши самоубиство, иако еднаш се обидел, ставајќи си пиштол во уста, било тоа што сфаќал дека без него ќе немало кој да го заштити неговиот помал брат.

Во подоцнежните години, мајката Кејтлин им напишала писмо на трите деца.

-Таа не се потруди да се извини или да дознае низ што тие поминуваат. Се обиде да го оправда однесувањето на татко ни, велејќи дека и тој имал бурно детство и одбиваше дека неговите политички убедувања пробува да ни ги наметне и нам – вели Фаувел.

Во 1990-тата година тој конечно се соочува со неговата мајка, пред Спејси и нивната сестра Џулија. Тоа се случува кога нивниот татко бил пренесен во болница, а сите биле собрани околу него.

-Мајка ни само стоеше и молчеше. Како камен – се присетува Рендал.

Томас Џефри Фаулер умира на 68-годишна возраст.

Спејси му се јавил на брата си да му каже дека татко им починал. Кејтлин пак, му се јавила на Рендал за Божиќ и му рекла дека не мора да доаѓа на погребот.

Оттогаш, врската на Спејси со неговата мајка станува поцврста, но страда врската со братот.

Кога Кејтлин ќе почине, на 19-ти март во 2003 година, Спејси ќе ја кремиера под лажно име – Руби Стивенс, откако ќе си вети дека семејството ќе го држи подалеку од медиумите.

Пепелта е поделена во два сада во облик на ѕвезда, на кои со златни букви стоела нејзината омилена реченица: „Сè ќе биде добро“.

Како Кевин ќе изреагира на оваа отвореност на брат му кон медиумите и откривањето на тајната која тој со години се труди да ја сокрие, останува да видиме.

Во меѓувреме, „Нетфликс“ денеска објави дека ја откажува серијата „Куќа од карти“, каде Спејси е во главната улога, по завршувањето на шестата сезона. Во соопштението се вели дека ова било планирано уште пред еден месец.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор