Ана Николиќ: „Немојте да сте злобни и сурови!“

Ана Николиќ: „Немојте да сте злобни и сурови!“

SHARE

Три месеци по раѓањето на ќеркичката Тара, поп-пејачката Ана Николиќ одлучи да се разведе со својот десетина години помлад сопруг Стефан Ѓуриќ Раста. Оваа вест одекна како бомба, бидејќи никој не веруваше дека по големите изјави на љубов, нежности што ги разменуваа за време на снимањето на музичкиот натпревар „Јас имам талент“, во кој и двајцата беа членови на жирито, и романтичните пораки што вљубената пејачка му ги испраќање на својот сопруг на социјалните мрежи во кои го нарекуваше „своја машка верзија“ и „индиго“ ќе дојде до развод.

За причините постојат две верзии. Според едната, официјална би рекле, Ана повеќе не можела да ги толерира честита отсуства на раперот од нивниот дом и неговото засилено консумирање на лесни дроги, меѓутоа, има и такви што тврдат дека станува збор за прељуба од страна на дрскиот рапер. (Повеќе информации можете да прочитате ТУКА).

Како и да е, Ана се огласи по повод разводот на социјалните мрежи, обраќајќи им се на медиумите и на јавноста:

„Тара го има најдобриот татко на светот, кого јас го сакав најмногу на светот! Едно семјество се распаѓа… Немојте да бидете злобни и сурови! Од мене никогаш нема да слушнете лоши зборови… Како што никому не дозволувам да изговори лоши нешта за мојот поранешен сопруг! Ова е мојот најголем животен пораз и многу ми е тешко! Имајте малку разбирање и почит кон мене и Стефан, како и кон нашите семејства! Благодарам“, порача Ана, додека Раста по ваквиот статус не се огласи, а на својот профил објави фотографија од настапот во Шведска.

Од друга страна, пбратот и менаџер на поп-пејачката, Марко Николиќ, како што пренесуваат српските медиуми, вчеравечер нападнал новинарка што го чекала Раста на аеродромот „Никола Тесла“ за да го праша за тоа како поминал на настапот во Шведска, заканувајќи и’ се дека „ќе и’ ја откине главата“.

Нападот се случил на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград околи 23:20 часот, каде што новинарсакта екипа го чекала Раста, а со него се појавил и братото на Ана.

Новинарката му пришла на раперот и го прашала „Како помина во Шведска“, а тогаш следел и нападот од Марко Николиќ.

„Дојди ти ваму“, и’ рекол, повлекувајќи ја и удирајќи ја во рамо,  „тебе ќе ти ја скинам главата“, се заканил братот на Ана. Новинарката, видно потресена  и во солзи, се исплашила за својата безбедност.

Редакцијата на Курир.рс очекува итна реакција од надлежните органи и најстроги санкции за физичкиот напад на новинарката и заканите по смрт.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор