Адриана Лима во љубовна врска со овој турски писател (ФОТО)

Адриана Лима во љубовна врска со овој турски писател (ФОТО)

SHARE

Бразилската манекенка Адриана Лима ги наполни страниците на медиумите во регионот престојувајќи во Црна Гора на „семеен“ одмор со ќерките Сиена и Валентина, бившиот сопруг Марко Јариќ и со неговата мајка, а нејзина бивша свекрва.

Адриана Лима со ќерките Сиена и Валентина
Адриана Лима фатена за рака со бившата свекрва, мајка на кошаркарот Марко Јариќ

Но доколку и вие, како и речиси сите медиуми, помисливте дека Адриана и Марко се смириле, се излажавте, бидејќи непосредно по завршувањето на одморот, убавата манекенка ги препакува куферите и замина на одмор во Турција, каде што на аеродромот ја пречека турскиот писател Метин Хара, но и еден куп папарацо-фотографи, кои успеаја да го снимат моментот додека вљубените гулапчиња разменуваа нежности.

Инаку, писателот и манекенката се запознале на 11-ти јуни кога Метин и’ го подарил својот роман, а веќе идниот ден таа им ја препорача книгата на своите следбеници на Инстаграм.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор