Столе и Стефан Стоилови: „Ајде да му најдеме дом и љубов“ (ФОТО)

Столе и Стефан Стоилови: „Ајде да му најдеме дом и љубов“ (ФОТО)

SHARE

Браќата Столе и Стефан Стоилови упатија јавен апел до сите граѓани преку своите профили на социјалните мрежи.

„Пријатели! Кутрево го видовме пред Мајчин Дом како се влече со предните нозе.Го земавме и го однесовме на ветеринар каде што е утвредено дека има висока температура,скршеница на колено и скочен зглоб. Ни треба место (двор) каде што нема други кучиња за да биде третирано во наредните неколку дена додека му се намали температурата и малце се опорави пред да му биде направена операција. Трошоците ке ги сносиме ние!“, порача Стефан Стоилов на својот фејсбук-профил.

Со слична порака се огласи и неговиот постар брат, популарниот ракометар Столе Стоилов.

Инаку, популарниот ракометар и неговиот помлад брат се големи љубители на животните, а Столе и самиот е сопственик на преслаткиот Гац, од кој одвреме-навреме објавува фотографии на социјалните мрежи.

Се надеваме дека ова добро дело на Столе и Стефан ќе допре до срцата на сите и дека ќе се јави некој што ќе може да ги исполни бараните услови за закрепнување на кутрето што го спасија Стоилови.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор