Совршено поставена маса

Совршено поставена маса

SHARE

Убавите чинии се украс на секоја маса, а во последно време тие повеќе не се исклучително тркалезни, туку ги гледаме и во некои други, необични форми. 

masa

Ако сакате да ги израдувате членовите на своето семејство или очекувате важни гости, сервирајте ја храната во убави чинии, а масата поставете ја според правилата на бонтонот.

При поставување на масата обично десно од чинијата (длабоката чинија за супа се става врз плитката) се става лажица, па нож (свртен со острилото кон чинијата), а виљушката се става од левата страна, а евентуално приборот за десерт се става од горната страна (рачката на лажичето кон десната страна, рачката на виљушката кон левата, ако се ставаат и лажичка и виљушка).

Tanjiri slika 1

Tanjiri slika 2

Tanjiri slika 3

Tanjiri slika 4

Tanjiri slika 5

Чинијата за салата се става на левата страна, а исечените кришки леб се ставаат во корпа на трпезата.

Tanjiri slika 6

Tanjiri slika 7

Tanjiri slika 8

Tanjiri slika 9

Салфетите обично се ставаат десно од чинијата, а ако се поставени длабоки чинии, се ставаат во нив. Чашите се поставуваат десно и над чинијата. Платнените салфети се ставаат преку колената, отворени на три четвртини (никако не се става на вратот).

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор