Совети како да го совладате полесно одењето на високи потпетици

Совети како да го совладате полесно одењето на високи потпетици

SHARE

Постои цела фама што ги следи чевлите со високи потпетици. Лекарите тврдат дека се штетни, дека ви го искривуваат ‘рбетот и му наштетуваат на вашето тело, но интересен е коментарот на Виктор, некогашен дизајнер на чевли за Томи Хилфигер. Тој смета дека главен проблем е тоа што многу жени не умеат правилно да одат на потпетици, а не самите потпетици.

cipeleВиктор има и долга кариера на тренер, затоа што поминал години учејќи ги манекенките како да одат. Еве некои од неговите клучни совети:
1. За правилен од потребни се здрави и флексибилни зглобови на нозете, како и цврсти мускули на бутините и стомакот. Најдобра вежба е секој ден. боси и на прсти да се качите и да се симнете низ дваесетина скали. Ако немате во близина скали, одете на прсти и вежбајте балансирање во место најмалку пет минути.
2. Клучно е додека одите потполно да ги исправите рбетот и вратот и максимално да ги затегнете стомачните мускули. На тој начин рамномерно ќе ја распоредите тежината и ќе си го олесните одењето.
3. При секој чекор водете сметка со нежно нишање на колковите тежината на телото да ја префрлувате од петиците на прстите, а не на перничињата под прстите.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор