Серена Вилијамс: „Сега сум официјално танга-девојка“ (ФОТО+ВИДЕО)

Серена Вилијамс: „Сега сум официјално танга-девојка“ (ФОТО+ВИДЕО)

SHARE

Најдобрата светска тенисерка, Серена Вилијамс, е едно до заштитните лица на кампањата „Sport Illustrated Swimsuit“, за чии потреби позираше во разни костими за капење. Американскаат тенисерка добро се забавуваше за време на фотосесијата и уживаше во улогата на модел во малку поинакво танга-издание.

serena-2„Луѓето треба да бидат задоволни во своето тело. Не сум премногу згодна, ама мене ми е супер. ОК е да изгледаш добро и јас се чувствувам силно. Да изгледаш силно, секси, да бидеш жена, да бидеш нескршлива – сето тоа се одлични работи“, изјави Серена.

Американката е свесна дека не е совршена и дека не изгледа како изгладнета манекенка, но таа ужива во своето тело и сака тоа чувство да им го пренесе на другите.

Навистина сакав да влијаам на луѓето кои имаат слично тело како јас. Сакам себе си да си кажат: ’И јас изгледам добро’. Тоа е она на што се надевам“, вели Серена Вилијамс.

serena-3На фотосесијата посебно атрактивни се фотографиите на кои победничката на Австралија опен е во бикини со танга на долниот дел од костимот.

„Никогаш досега не сум носела танга-бикини, затоа овој прв пат за мене беше како шолјичка еспресо. Моментално морав да се разбудам. Тангата е перфектна, се чувствував многу пријатно. Сега сум официјално танга-девојка“, се пошегува Серена.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор