Научниците ги утврдија димензиите на совршено женско лице

Научниците ги утврдија димензиите на совршено женско лице

SHARE

Научниците во Филаделфија ги одредија совршените пропорции на лицето, а актерката што ги има токму тие пропорции е нашето лице од насловната страница на ноемврискиот број на „Убавина и здравје“, Рис Витерспун.

Имено, научниците од Медицинскиот универзитет Темпле во Филаделфија со одредување на геометриските правилности го пронајдоа совршеното женско лице.

Рис Витерспун објави семејни фотографии

Според нив, ако ширината на јаболчните коски се совпаѓа со ширината на веѓите се добива совршена димензија на лицето. Во оваа пресметка, важни се и оддалеченоста меѓу очите и должината на носот.

Според научниците, просечната оддалеченост меѓу зениците би требало да изнесува 59,2 мм, а за да спаѓате во „совршената група“, вертикалната оддалеченост меѓу очите и јаболчните коски мора да знесува 13,2 мм.

Холивудска актерка со токму такви пропорции е Рис Витерспун. Таа го има посакуваниот срцест облик на лицето, а еднакво совршено лице има и нејзината колешка Скарлет Јохансон.

Прочитајте и: Еве кој сè додје на јубилејниот роденден на Рис Витерспун

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор