Момчето со Даунов синдром од Македонија денеска ќе говори во седиштето на...

Момчето со Даунов синдром од Македонија денеска ќе говори во седиштето на ООН

SHARE

Денеска, на денот на лицата со Даунов синдром, 25-годишниот Александар Матовски-Цако, 25-годишно момче од Скопје кое е родено со Даунов синдром, ќе зборува во седиштето на ООН во Њујорк. Неговото обраќање можете да го следите и во живо тука.

 

cako

Македонецот Александар Матовски Цако веќе е во Њујорк каде попладнево ќе говори на Светската конференција за Даунов синдром, во седиштето на ООН.

Со техничка поддршка на ФИНКИ, во амфитеатарот, сместен во нивната згарада, спроти зградата на Технолошки факултет,  обезбедено е директно следење на Конференцијата. Преносот на конференцијата ќе почне во 16 ч.

Обраќањето на Цако на македонски јазик и преводот на неговата сестра Марија на англиски, би требало да биде нешто после 17 часот.

Инаку Цако е студент на Педагошки факултет, насока предучилишно воспитание, а пишува и поезија. Често е ангажиран на проекти врзани со лицата со пречки во развојот во Македонија, а снима и емисии за децата со посебни потреби.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор