Кристина Арнаудова: „И јас сум Дедо Мраз!“

Кристина Арнаудова: „И јас сум Дедо Мраз!“

SHARE

Популарната пејачка Кристина Арнаудова деновиве ја спроведува кампањата „И јас сум Дедо Мраз“, на нејзиното хуманитарно здружение „Проект среќа“.

Целта на кампањата е да поттикне што е можно повеќе личности од јавниот живот, од 1 до 10 декември, да купат новогодишен подарок за деца до 11 години, со што ќе ги мотивираат сите граѓани, но и компаниите и институциите, да го сторат истото, а тие подароци ќе завршат онаму каде што се најпотребни – во рацете на децата без родители или семејства од ранливите категории, кои не можат да си дозволат да им купат новогодишни подароци на своите деца.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор