Ким Кардашијан: Совети за совршени веѓи, тенок струк и негувана кожа

Ким Кардашијан: Совети за совршени веѓи, тенок струк и негувана кожа

SHARE

Ким Кардашијан е една од познатите личности кои секојдневно предизвикуваат да се зборува за нив. Таа е секогаш на видик, па затоа настојува да изгледа совршено. Освен тоа, Ким дизајнира козметика под сопствен бренд – KKW Beauty, а на 15 ноември го претставува новиот мирис Crystal Gardenia.

Старлетата многу добро ја познава индустријата за убавина, а последната година видно го смени својот изглед. Која е тајната? Ким Кардашијан го дава одговорот:

„Често го менувам ритуалот за нега на кожата, па сакам да пробувам нови начини. Задолжително исчистете ја кожата со помош на средство за чистење, користете серум и хидратантен крем. Кожата мора да биде влажна! И користете средства за заштита од сонце.“

„Кога ќе ги исцртам усните, сакам значително да ми биде истакнат горниот дел на устата. Не можам да го замислам својот живот без KKW Beauty Lip Liner – кој наскоро ќе биде во продажба.“

„Мојата кожа мора да биде во топла нијанса. Дури и кога немам  време за нанесување шминка, користам стикови за контурирање, а потоа коректор и хајлајтер.“

„Мојот тренинг трае по час и пол и многу вежбам со тегови. Исто така, сакам и ремени специјално наменети за половината. Често ги носам дури и играм со нив.“

„Сакам да ја разбијам монотонијата на бојата на веѓите, но бојата, според повеќето визажисти, мора да се вклопи и со бојата на косата, нели? Апсолутно не се согласувам со тоа! Кога веѓите се потемни од косата, тоа изгледа многу поубаво. Посебно ако темните веѓи се комбинирани со руса коса.“

Текст: А. Велјановска

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор