Калиопи: „Моите бивши сопружници денес ми се најдобрите пријатели“

Калиопи: „Моите бивши сопружници денес ми се најдобрите пријатели“

SHARE

Нашата поп-дива Калиопи Букле во интервјуто за српскиот портал „аска.рс“ искрено проговори за односот со бившите сопружници Ромео Грил и Васил Зафирчев.

Калиопи и првиот сопруг, композиторот Ромео Грил

„Секој човек има свој пат. Јас сум непоправлив романтичар. Преку разводот е тешко да помине, онолку колку што сте подготвени да поднесете. Моите поранешни сопружници денес се мои најдобри пријатели. Веројатно успеавме во тоа, бидејќи сите сме паметни луѓе“, рекла Калиопи за поранешните сопружници за порталот „Аска“, а се огласила и за разликата во годините.

Поп-дивата и актерот Васил Зафирчев беа во брак седум години

„Мислам дека човекот низ историјата докажа дека кога љубовта е во прашање, правила за успех и неуспех не постојат. Затоа, сите шпекулации паѓаат во вода.“

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор