Екипата го „заборавила“ сметот зад себе, но Емина Јаховиќ не!

Екипата го „заборавила“ сметот зад себе, но Емина Јаховиќ не!

SHARE

Поп-пејачката Емина Јаховиќ остро реагирала кога дознала дека екипата задолжена за снимањето на нејзиниот нов видеоспот не се погрижила да го исчисти сметот што останал по снимањето.

Имено, Здружението на љубителите на Савскиот кеј на својата фејсбук-страница остави опоменувачки статус, поткрепен со фотографии, апелирајќи до виновниците да се вратат и да ги соберат купиштата ѓубре оставени на локацијата каде што се снимаше видеоспотот.

Пејачката сериозно го сфатила нивниот апел и веднаш реагирала екипата да го собере сметот, појаснуваат на страницата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор