Дознајте дали сте вистинска Терезија: Карактериски на хороскопскиот знак

Дознајте дали сте вистинска Терезија: Карактериски на хороскопскиот знак

SHARE

Изглед

Таа спаѓа во најубавите жени во Зодијакот, и често има одредена свежина и воздржаност. Таа секогаш  е добро облечена и внимава на својата  гардероба, а слабост и’ се убави чанти и модерни фризури. Најчесто е бринета или се фарба во таа нијанса. Обожава да носи  бели и црни шешири, капи, очила за сонце.

Карактер

Таа се обидува да биде дипломат и дава се’ од себе за да ја постигне својата цел. Таа точно знае што сака и никогаш не се откажува од своите цели. Спротивна е на тоа што она се покажува дека е, но таа е многу повеќе чувствителна отколку што може да се  забележи. Таа е подготвен да се жртвува за своите блиски како многу верен пријател, но не влегува во премногу емотивна врска.

Кариера, пари

Нејзината кариера не и’ е особено важно, освен ако се ангажира во уметноста, банкарството. Таа е добар импровизатор и решава проблеми во бизнисот. Успешна е во бизнис-врските и лесно се приспособува на новата ситуација. Доколку е потребно, таа ќе работи и работа под нејзино ниво, сепак, брзо ќе се најде решение за својот деловен статус. Најдобри соработници и’ се мажите.

Љубов

Таа остава впечаток на сексуална личност, а всушност доста е срамежлива. Важно и’ е да биде со убави луѓе, но ако мисли дека може да има корист, подготвена е да биде во врска и со некој што не го сака. Многу луѓе мислат дека таа е фатална, страсна и сонуваат да бидат со неа, но често се разочарани кога подобро ќе ја запознаат.

Фамилија

За неа семејство е најважно и многу приврзана за своите родители, особено за нејзината мајка, со која понекогаш може да има многу комплициран однос. Како мајка е совршена, подготвена да се жртвува за децата и бескрајно да им се посвети. Многу Терезии имаат само едно дете, бидејќи најчесто раѓаат премногу доцна.

Здравје

Може да имаат проблеми со бубрезите, панкреасот, кожата, циркулацијата на крвта. Треба да се грижат за своето здравје, бидејќи понежни се одошто изгледаат.

Знак – подзнак

Терезија познак Овен – бизнис-жена, динамична, социјална, страстна, директна

Терезија познак Бик – благородна, збунета, чудна, тврдоглава

Овен познак Близнаци – површна, неверна, комуникативна, нечесна, наивна

Терезија познак Рак – надмоќна, посесивна, практична и самопожртвувана, практична

Девица познак Лав – директна, динамична, креативна, мрзлива, сноб, манипулатор

Терезија познак Девица – практична и самопожртвувана, благородна, смирена, елегантна

Терезија познак  Терезија – амбициозна, тактична, воздржана, практична, комуникативна

Терезија познак Скорпија – флертуваат, несигурна, посесивна, бизнис-жена, страствена

 Терезија познак Стрелец – благородна, површна, директна, социјална

 Терезија познак Јарец – достоинствена и самопожртвувана, способна, одлучна, амбициозна

Терезија познак Водолија – социјална, срдечна, креативна, несигурна

Терезија познак  Риба – повлечена, таинствена, манипулативна, несигурна, романтична

Текст: А. Велјановска

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор