Општи карактеристики на хороскопскиот знак ОВЕН

Општи карактеристики на хороскопскиот знак ОВЕН

SHARE

Како да препознаете лица родени во знакот на Овен, која професија најмногу им одговара, какви љубовници се, со кого најдобро се согласуваат, а со кого не…

Таа во знакот на Овен  

Изглед
Главно таа е со руса коса и сини очи, висока, спортски градена. Заради тесните колкови, по малку изгледа андрогено. Се облекува спортски или претерано дамски, а од боите најмногу ги сака сината,темноцрвената и црната. Има долга виткана коса, која често ја носи во пунџа, опавче или кратка спортска фризура. Сака да ги истакнува своите нозе и својот сексапил. Во своето држење таа по  малку е  нападна или остава впечаток на личност што е исклучително сигурна во себе.

Карактер

На изглед е отворена и директна, но никогаш не открива многу работи за себе, туку само она што сака да го открие. По некогаш е по малку нервозна, брза на јазик и детски искрена. Често го кажува своето мислење, за кое подоцна се нервира. Сака да држи се’ под контрола, но тоа баш и не и’ оди од рака. Кога сака нешто, таа знае да биде доста директна, па тоа може да биде и помалку непријатно. Амбицијата и успехот најмногу ја мотивираат, и благодарение на нејзината голема енергија, успешна е во кариерата.

Кариера и пари
Многу и’ е важно да изгради кариера, и да има добар социјален статус, што најмногу го постигнува преку брак. Многу голем импровизатор е, за секој проблем од работна или финансиска природа, таа лесно наоѓа решение. Мора да има многу пари, бидејќи обожава да троши, великодушна е и другите луѓе ги опсипува со внимание.

Љубов
Има многу едноставен пристап до љубовта и сексот. Кај неа е се’ едноставно, но може да стане доста нервозна доколку нема партнер кого го избира со внимание или ако не добива доволно љубов. Еротскиот живот не е толку добар бидејќи не е особено префинет љубовник. Таа знае што сака, со кого сака, и тоа го добива по која цена, особено во младоста, кога е многу упорна во ловењето на својот плен. Некои луѓе родени во овој знак страдаат за љубов, обично имаат две жени или две значајни врски. Во љубовта најдобро се согласуваат со Близнаци, Лав, Терезија, Стрелец и  со Водолија.

Фамилија
Сака да ги држи конците во свои раце. Во домот ништо не се случува без нејзино знаење. Не е нежна ни како мајка, ни како ќерка, но е доста пожртвувана и подготвена е да го направи она што смета дека треба. Со семејството има добар однос, често е егоистична, па затоа своите деца прерано ги осамостојува, а кон родителите не е премногу сентиментална.

Здравје
Најмногу проблем има со видот, има проблеми со сонот, а во зрелите години најосетливи и’ се зглобовите и колковите, па затоа е склона на повреди.

Знак-познак

Овен во познак Овен – едноставна, директна, динамична, комуникативна

Овен во подзнак Бик – заводница, исфрустрирана, незадоволна, практична

Овен во подзнак Близнаци – друштвена, детинеста, наивна, површна, срдечна

Овен во подзнак Рак – амбициозна, доминантна, дистанцирана, авторитетна
Овен во подзнак Лав – креативна, комуникативна, срдечна, неискрена, знае да кокетира

Овен во подзнак Девица – незадоволна, исфрустрирана, педантна, интуитивна

Овен во подзнак Терезија – екстровертна, пожртвувана, заводница, манипулант

Овен по подзнак Скорпија – способна, интровертна, енергична, остроумна

Овен во подзнак Стрелец – натпреварувачки дух, друштвена, срдечна, површна

Овен во подзнак Јарец – амбициозна, упорна, осамена, недоверлива

Овен во подзнак Водолија – нервозна, зборлеста, отворена,

Овен во подзнак Риби – искрена, детинеста, сака внимание, амбициозна

Текст: А. Велјановска

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор