Дневен хороскоп за четврток (7.12.2017)

Дневен хороскоп за четврток (7.12.2017)

SHARE

horoskop_625

Овен

Ве очекуваат некои интересни средби, поради тоа посветете поголемо внимание на впечатокот кој го оставате во друштво на службените партнери. Направете се’ што е потребно за да го споите личното задоволство со некој практичен аспект. Доколку сте слободни планирајте некое необично излегување или закажете љубовна средба.

Бик

Добро проценете ги своите работни можности и границата која не треба да се помине. Нема причина да се изложувате на голем напор или да се спротивставувате на личност која има големо работно влијание. Ризикот препуштете им го на другите, избегнувајте сомнителни понуди. Ве очекува задоволство на средбата со саканиот(ата) или во друштво кое добро го познавате.

Близнаци

Брзоплетоста е клучен збор за вашата моментална ситуација. Промените и секојдневните предизвици бараат голема количина на одлучност. Во љубовта внимавајте од љубомора и кавги кои би можеле сериозно да го оптоварат односот. Партнерот е склон кон доминација, а неговото однесување е на границите на дозволеното. Родените во Јуни особено ќе бидат емотивно напнати и експлозивни.

Рак

Денеска ќе се занимавате со решавање на финансиската ситуација и тоа преку некое наследство, осигурување спонзорства и сл. ако склопувате договори или се занимавате со некој семеен бизнис завртете ја користа кон вас. Моменталните случувања ќе ви ги обноват внатрешните залихи на енергија и самодоверба. Ќе се почувствувате заштитени и и сигурни.

Лав

Колку и да се обидувате да ги поправите работите, со вашето тврдоглаво однесување нема да стигнете далеку. Побарајте помош од ваши блиски личности. Воздржете се од потпишување на важни договори и јавни настапи. Во вашиот љубовен живот ќе забележите дека некои луѓе го пикаат носот таму кадешто не треба и ви ја усложнуваат ситуацијата.

Девица

На работното место ве очекуваат некои помали промени од кои нема да бидете многу воодушевени. Голем дел од денот се занимавате со работи во домот. Многу сте чувствителни и премногу субјективни во оценувањетео на вашата емотивна ситуација. Лесно пламнувате, а најмногу ќе се исцрпувате во семејните односи и промените во најтесниот круг на семејството.

Терезија

Ден исполнет со незадоволство. Луѓето кои ќе ве опкружуваат ќе ве нервираат и навредуваат но највероватно без лоши намери. Ќе бидете многу чувствителни и сите приговори упатени на ваша страна пресериозно ќе ги сваќате. Најпаметно во оваа ситуација е да ги избегнувате контактите кои не ви се потребни. Нема да ви бидат наклонети ниту претпоставените-бидете внимателни.

Скорпија

Претерано се грижите за вашата финансиска состојба. Размислувате за зголемување на вашата материјална сопственост. Во текот на денот ќе ви се укаже прилика за наоѓање на нов извор на финасии, но вам нема да ви бидат потполно јасни условите кои ви се нудат. Можеби е најдобро за тие прашања отворено да поразговарте со вашиот партнер и да најдете заедничко решение. Емотивниот живот и здравствената состојба без поголеми промени.

Стрелец

Одлично се чувствувате за било каков почеток, во деловните или приватните сфери. Нов бран на оптимизам ви ги облагородува вашите мисли, кои денес навистина ќе бидат прецизно и практично насочени во сите ваши активности. Сентименталните односи ви се стабилни ве ожекуваат убави моменти со вашиот партнер.

Јарец

Јарците со постоја работен однос се материјално мотивирани да истраат во сегашните работи, а планетите потикнуваат и нови работни аражмани, поголеми купопродажби вложување пари во поголеми работи. Вашата материјална состојба е несигурна и подлежна на влијанија од страна и не можете да правите подолгорочни договори. Постои можност за краткотрајни патувања.

Водолија

Полека но сигурно работите си доаѓаат на свое место. Контаките со странство било низ патувања, примање посета или деловна соработка се позитивни. Ќе имате поддршка од поширокиот круг на пријатели и соработници кои ќе ви помогнат со своите врски. Во љубовта од партнерот очекувате да ги подели вашите сонови и планови, а зголеменото дружење со пријателите ви ветува добро да си поминете и да се забавувате.

Риби

Голем е притисокот за да можете да успете. Околината е помалку критички расположена спрема вас и спрема вашата работа и поставува прашања колку сте способни и вредни. Невработените ќе почуствуваат потреба за докажување. Ќе бидете настроени за бурни реакции и кавги, но внимавајте, бидејќи со тоа можете да ги свртите луѓето против вас.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор