Дневен хороскоп за ВТОРНИК (7.11.2017)

Дневен хороскоп за ВТОРНИК (7.11.2017)

SHARE

horoskop

Овен 

Нема ништо поубаво од читање книга во кревет. Почнете го така денот и ќе ги видите разликите во расположението. Доколку не сте во врска, денес поставете си нов предизвик – запознавање на личноста што ќе го смени тоа!

Бик

Кој рече дека среќата и парите не одат заедно? Денес очекувајте мала сума пари, која дополнително ќе ви го разубави денот, а вечер, среќата ќе ви ја донесе некоја посебна личност. Не двоумете се премногу и отидете на забавата на која ве викаа пријателите.

Близнаци

Доколку не сте во врска, денес ќе биде поволен ден за подобрување на вашиот љубовен живот. Прифатете ја понудата за кафе од онаа личност што веќе неколку пати ве покани, и ќе се изненадите од интересниот состанок.

Рак

Денес, амбицијата е она што ќе ви го одбележи денот. Но внимавајте, некогаш и не е толку добро да бидете толку амбициозни. Симнете се од облаците и почнете со работа, и онака веќе некое време ги запоставувате вашите обврски.

Лав

Вторник – совршен ден за романтичен состанок со вашиот партнер. Изведете го некаде на ручек или  вечера, а потоа приредете му жешко изненадување. Доколку не сте во врска, можеби токму денес ќе ја сретнете личноста која ќе го промени тоа.

Девица

Денес искористете го денот во она што најмногу го сакате – целодневна средба со пријателите. Во последниве денови немавте некој таков масовен собир, па денес е поволен ден за тоа. Никогаш не се знае колку трачеви може да се пропуштат за неколку дена, нели?

Терезија

Новиот развој на настаните во врска со романтичната страна на вашиот живот има добро влијание на вас. Една работна обврска ве одвлекува од приватниот живот. Што побрзо ја завршите ќе можете повторно да продолжите по старо.

Скорпија

Падот на енергија, кој започна пред неколку дена, денес ќе го достигне својот врв. Ова најверојатно се должи на вашиот љубовен живот. Па, не би било лошо доколку со саканата личност направите еден разговор во врска со заедничката иднина.

Стрелец

Можеби ќе ви се укаже изненадна прилика за напредување. Иновативните идеи може да го најдат патот до вас, така што вашите способности ќе бидат ценети. Немојте да се плашите да преземете водство доколку тоа се бара од вас.

Јарец

Денес е вашиот ден на љубовта. Ѕвездите велат дека Венера има подготвено неколку изненадувања за вас. Вие само средете се, облечете високи потпетици и освојте го светот! Другото препуштете ѝ го на планетата на љубовта, која решила да ви ги зачини работите во љубовниот живот.

Водолија

Очекувајте додатен поттик на вашата физичка енергија денес. Овој ден е создаден за да го средите вашиот дом и да го исчистите плакарот од старите работи. Исто така, добро ќе ви дојде малку возење велосипед.

Риби

По сѐ изгледа вашиот љубовен живот полека се враќа во нормала. Конечно повторно ќе може да се забележи насмевка на вашето лице, а за тоа ќе биде заслужна некоја личност што подолго време ви се допаѓа.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор