Општи карактеристики на хороскопскиот знак Близнаци

Општи карактеристики на хороскопскиот знак Близнаци

SHARE

Изглед
Младолика, со вита става, или премногу висока или изразено ниска, но со грациозна става, понекогаш по малку детинеста, има убави раце и нозе. Светол тен, костенлива боја на коса, но понекогаш сака да ја бојадиса во руса нијанса и да ја нијансира. Нејзината цел е да изгледа како фатална девојка, но понекогаш остава впечаток на мало незаштитено девојче.

Карактер
Не е премногу упорна, но понекогаш знае да биде каприциозна. На неа може многу лесно да се влијае, премногу е приспособлива и снаодлива. Доколку „глми“ млада девојка, таа може да биде разумна и пресметана, а кога „глими“ ладна деловна жена, под маската е ранлива личност која бара внимание. Кога не знае како да излезе на крај со проблемите, ги користи разумот за да биде сигурна дека нема да згреши. Зборлеста е, но не и секогаш искрена и отворена личност. Таа никогаш не се труди да порасне, бидејќи секогаш наоѓа заштитник  – родители, сопругот, партнерот или пријателите.

Кариера, пари
Ако се занимава со уметност, умее да биде каприциозна, но секогаш е брилијантна. Доколку се занимава со некоја конкретна работа, како банкарство и финансии, секогаш е прецизна, па може да биде доста строг и прецизен директор. Често работи како новинар или во медиумите. Доста е снаодлива и способна да дојде до информации до кои никој друг не може да дојде. Премногу е професионална, но никогаш не е задоволна. Парите повеќе сака да ги троши отколку да ги заработува, но кога ќе се заинтересира за некоја работа – тогаш без дилема ја постигнува.

Љубов

Прерано влегува во емотивна врска и се венчава доста млада со својата прва љубов. Како созрева, така се’ повеќе ја интересираат постари и успешни мажи. Како љубовница е лоша. Доста е фрустрирана и опсесивна кога во прашање е сексот. Таа се обидува да владее со партнерот, но на убав начин, му се  наметнува, но всушност е многу пресметана. Ова е нејзиниот единствен начин да се избори сама, бидејќи се плаши да се занесе во емоции. Умее да биде многу посесивна и љубоморна, дури и кога веќе не е со партнерот, бидејќи настојува да се меша во неговиот живот.

Фамилија
Не сака фамилијата да и’ се меша во животот. Прерано го напушта домот на своите родители и живее самостојно. Нема секогаш убав однос со своите брат и сестра, но доколку на нејзините родители или на братот и сестрата им е потребна помош, таа дава се’ од себе за да им помогне. Кога ќе основа свое семејство, таа ќе биде добра домаќинка, по малку затворена, а тежнее да биде современа. Како мајка е премногу добра, па со своите деца сака пред се’ да биде пријателка и секогаш се обидува ги осамостои.

Здравје
Осетливи и’ се бели дробови, ревма, има проблеми со дланките, проблеми со стомакот на нервна база и понекогаш знае да има психички кризи. Како возач е многу подобра од мажите родени во знакот на Близнаци..

Знак – подзнак
Близнаци во подзнак на Овен – машкуданка, спортистка, упорна, дрска

Близнаци во подзнак на Бик – амбициозна, работлива, емотивна, секогаш е со добра намера
Близнаци во подзнак Близнаци – директна, детинеста, непостојана,

Близнаци во подзнак Рак –  незадоволна, несигурна, осетлива, непрактична

Близнаци во подзнак Лав – егоцентрична, шармантна, заводлива

Близнаци во подзнак Девица –  амбициозна, практична

Близнаци  во подзнак Вага – површна, сака да патува, динамична, непостојана

Близнаци во подзнак Скорпија – недоверлива, нервозна, посесивна

Близнаци во подзнак Стрелец –  добронамерна, заборавена, неверна

Близнаци  во подзнак Јарец – посесивна, материјалиста, несигурна,

Близнаци во подзнак Водолија –  друштвена, самостојна Близнаци

Близнаци во подзнак Риби – исфрустрирана, незадоволна

Познати Близнаци:

Хајди Клум
Анџелина Џоли
Натали Портман

Текст: А. Велјановска

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор