Општи карактеристики на хороскопскиот знак Бик

Општи карактеристики на хороскопскиот знак Бик

SHARE

Како да ги препознаеме, која работа најмногу им одговара, какви љубовници се, со кого најмногу се согласуваат… Тие се најубавите жени во хороскопот, бидејќи се под влијание на Венера.

Таа во знакот Бик
Изглед
Тие се најубавите жени во хороскопот, бидејќи се под влијание на Венера планетата на убавината, шарм и женственоста. Овие жени се раскошни од убавина, нивната женственост ја истакнуваат и нивните фризури, гради и струкот, бидејќи тие имаат облини, дури и кога се вити. Имаат тркалезни очи, нешто специфично во погледот и ставата, и карактеристичен убав глас. Сите работи ги прават несвесно, дури и кога се помеѓу деловниот и приватен живот.

Карактер
Нивната главна карактеристика е упорноста, а најголема маана им е одолговлекување и бавноста. Сепак благодарение на нивната упорност тие се во состојба да дојдат до својата цел. Премногу се чувствителни и не смеете да ги допрете нивните најблиски бидејќи тогаш се најопасни. За секоја нивна работа тие мора да бидат мотивирани, па дури и свесно се способни да жртвуваат некого, па најчесто некој од  жртвите е нивен близок човек. Сакаат да живеат со “полна пареа”, друштвени се и обожаваат забави. На нив може слободно да се потпрете, но доколку ги навредите без разлог тоа ќе ви го памтат цел живот. Затоа пазете како им се обраќате. Премногу се музикални и уметнички настроени.

Кариера, пари

Тие  се упорни, помалку тврдоглави, секогаш добро знаат што прават и што работат дури и кога се спонтани, бидејќи нивната интуиција секогаш ги води во правата насока. Премногу им значи успехот. Имаат смисла за уметност, може да работат во медиуми, во фирма, добри се поети, сликари, модната индустрија, па дури имаат и дарба за приватен бизнис.

Љубов
Страствена е и посесивна, но не и среќна. Поседува извесна таинственост, заради што партнерот никогаш не знае на што е. И кога е со него, тој не е сигурен дали е тука или со мислите одлетала. Во љубовта бара многу, бидејќи сака да достигне идеал. Врските или бракот никогаш не ги прекинува без разлог, премногу е верна, но додека и нејзиниот партнер е верен. Прељубата за нејзе е навреда за нејзиното достоинство, и затоа е подготвена да го возврати ударот.

Фамилија
Таа е една од најлојалните членови на фамилијата. Понекогаш остава впечаток дека ја интересира се’ друго освен фамилијата, но таа е секогаш тука да им помогне, да ги посоветува… Доколку нема занимација, тогаш ќе почне да го средува домот, ќе прави колачи. Гостопримлива е и најприврзан член на фамилијата е.

Здравје
Може да страда од вртоглавици кој се последица од блага спондилоза, слаба точка и се вратните пршлени, ендокриниот систем, циркулацијата, бубрезите и метаболизмот.

Знак  – познак

Бик во подзнак Овен – динамична, амбициозна, импулсивна, посесивна

Бик во подзнак Бик – тврдоглава, спора, хедониста, спора, работна

Бик во подзнак Близнаци – расеана, динамична, осетлива,

Бик во подзнак Рак – друштвена, бавна, манипулативна, материјалист, друштвена

Бик во подзнак Лав – амбициозна, дрска, своеглава, имплусивна

Бик во подзнак Девица – креативна, образовна, прилагодлива, инвентивна

Бик во подзнак Терезија – практична,неискрена,заводница

Бик во подзнак Скорпија – амбициозна, упорна, сексапилна, директна

Бик во подзнак Стрелец – расеана, елоквентна, убедлива

Бик во подзнак Јарец – креативна, амбициозна, приврзана, осетлива

Бик во подзнак Водолија – способна, упорна, неприспособлива, самостојна

Бик во подзнак Риби – талентирана, осетлива

Текст: А. Велјановска

1 коментар

Оставете Одговор