Предмети што никогаш не треба да ги делите со друг

Предмети што никогаш не треба да ги делите со друг

SHARE

Постојат работи што никогаш со никого не би смееле да ги делите затоа што во спротивно ќе си го загрозите здравјето. Станува збор за оние работи што доаѓаат во допир со чувствителните места на телото, па лесно би можеле да пренесуваат бактерии. Еве кои се тие предмети:

Сапун

Наспроти верувањето дека сапунот сам чисти и дезинфицира, научниците советуваат тој да биде само ваше средство за хигиена. Зошто? Затоа што преку сапунот можат да се пренесуваат бактерии па подобро е тогаш на него да бидат само вашите.

Шапки, капи, шубари, шлемови, четки и чешли за коса

Се што ставате на глава не би смееле никогаш со никого да делите. Тоа ја вклучува и постелнината која ви ги допира лицето и главата. Важно е тие предмети да бидат само ваши затоа што е тоа здраво и хигиенски.

Антиперспирант

Можеби спречуваат потење и лоша миризба, но не содржат состојки што би ги убиле потенцијално опасните бактерии. Токму затоа не смеете да ги делите рол-он антиперспирантите. А не заборавајте ниту дека подрачјето на пазувите е многу чувствително.

Прибор за нокти

Грицкалките за нокти па и лаковите за нокти немојте никогаш да ги делите со пријателките. На таквите прибори бактериите лесно се собираат, а инфекциите брзо се шират. Приборот за нокти мора да влезе во категоријата на предмети кои се само ваши.

Шминка

Пудра, коректор, маскара, сенка, руменило, кармин, сјај, моливче… Ништо, ама баш ништо не смеете да делите со други, зашто сите тие производи одат на лицето, а кожата на лицето е исклучително чувствителна.

Четки за заби

Дали некому некогаш му паднало на памет да дели четкичка за заби? Никогаш не смеете да го правите тоа.

Обетки, слушалки

Ушите се многу чувствителни, а на обетките и на слушалките лесно се собираат потенцијално опасни бактерии. Со обетките можете лесно да се боцнете и да си пуштите крв, а бактериите потоа брзо се шират понатаму. Обетките и слушалките, особено оние што се ставаат во уши, чувајте ги само за себе.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор