Гастро-катче: Давор Панчевски ви предлага неделен рецепт

Гастро-катче: Давор Панчевски ви предлага неделен рецепт

SHARE

„Минимален труд за максимално задоволство“ е мотото на студентот  по економија и креатор на популарната фејсбук-страница „Dave’s kitchen“. Во нашето гастро-катче, за вас готви Давор Панчевски.

Мојата приказна во светот на готвењето почна многу одамна. Уште кога имав 10-11 години, знаев да замешам прсти во јадењата кои се приготвуваа дома, но интензивното готвењето стана мое хоби кога пред две години ја направив фејсбук-страницата „Dave’s Kitchen“. Се одлучив за име кое е интернационално за да можат луѓето низ светот да ги следат мојте објави. Првичните коментари беа фантастични, кои  постојано беа причина и поттик да продолжам да го правам она кое ми претставува огромно задоволство. Готвењето ми е катче за релаксација, а не обврска. Паметам, кога започнав со објавување на мојте први рецепти, тоа беа превкусни домашни погачи, вкусни десерти со чоколадо, домашна италијанска паста, многу домашни пунч-коктели. Љубовта ја наследив од домашните. Сите знаеме да се пронајдеме во одредена улога во кујната. Мојата филозофија е „минимален труд за максимално задоволство“, што значи дека често објавувам и рецепти погодни за сите оние кои се дел од брзото темпо на живеење, а сепак се љубители на домашно приготвената храна, која гарантира фантастичен вкус, а времето за подготовка е минимално. Мислам дека храната е секогаш повкусна кога ќе ја споделите, без разлика дали тоа ќе биде со семејството, пријателите или со личноста која ја сакате.

Секогаш се обидувам да бидам иновативен и креативен во објавувањето и во начинот на презентирање на рецептите. Секоја идна фотографија очекувам да биде подобра од претходната, секој рецепт очекувам да биде повкусен од претходниот.

Често знам да зготвам одеднаш 10-15 рецепти (понекогаш и повеќе)  во текот на денот за да можам да имам „материјал“ за објавување и за одржување на страницата, кои на крајот од денот ги споделувам со пријателите. Омилениот дел од готвењето ми е печењето. Едноставно, магијата на печењето не само што прави готвењето да биде забавно туку и со миризбата која се шири, ги кани случајните минувачи крај вашата куќа на вкусен чај и печен колач.
Омилено јадење ми се неодоливите чоколадни торти со малини или со вишни, превкусната „Павлова торта“, која според мене е одличен десерт за жешките денови кои следат.
Сакам да експериментирам со свежите билки и ѝ се радувам на секоја пролет, бидејќи со тоа доаѓаат нови инспирации, нови идеи, можност за забавување со пријателите на пикник, на планина или крај езеро, можност за подготовка и за консумирање лесна храна со свежи состојки кои ги дарува природата.

За рецепт од Давор, кликнете на следната страница

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор