Рецепт на денот: Оригинални лазањи со сос од домати „Томатело“

Рецепт на денот: Оригинални лазањи со сос од домати „Томатело“

SHARE

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • морков
  • 5 корени целер
  • 5 лажици маслиново масло „Фила“
  • 30 мл суво бело вино
  • 500 г мешано мелено месо
  • 3 лажици пире од домати
  • 700 г сос од домати „Томатело“
  • 150 г излупени домати
  • 4 листа босилек
  • индиско оревче
  • сол и црн пипер
  • 250 г лазањи
  • 3 лажици пармезан

За бешамел-сос:

  • 50 г путер
  • 60 г брашно
  • 600 мл млеко
  • сол и црн пипер

Приготвување:

1. За бешамел-сосот истопете го путерот. Додаjте брашно и мешајте на тивок оган додека  се испржи. Потоа додаjте го млекото и мешајте додека смесата стане компактна.
2. Ситно исечкајте ги кромидот и лукот, половина морков и целер. Ставете ги во тенџере со маслиново масло и запржете ги. Додајте го меленото месо и пропржете го. Ставете вино. Другата половина од морковот исечете ја на крупни парчиња и додајте ги во тенџерето на оган. Смесата нека се провари една минута и додајте го пирето од домати. Промешајте и додајте излупени домати. Потоа додајте го  и сосот од домати „Томатело“. Додадете сол, црн пипер, индиско оревче и ливчиња босилек. Сосот оставете го да се провари неколку минути.
3. Премачкајте го дното од правоаголен огноотпорен сад  со сосот од домати. Ставете листови лазањи водејќи сметка за тоа да биде прекриена целата површина. Одозгора ставете бешамел-сос, а потоа слој од сосот од домати. Повторно наредете листови лазања. По вториот ред, можете да наросите пармезан и да продолжите со редењето. Последниот слој треба да биде бешамел-сос. Печете ги лазањите 30 минути на температура од 180 степени.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор