Рецепти за необични и едноставни сендвичи

Рецепти за необични и едноставни сендвичи

SHARE

Понекогаш и во кујна може да важи изреката дека помалку е повеќе, па наместо сендвичи со повеќе намирници можете да пробате едноставни и брзи рецепти што ќе ве воодушеват, а имаат само две состојки.

Ако се најдете во ситуација да немате доволно време за виртуозни експерименти во кујна, а ви треба згодна идеја за вкусен и брз оброк, пробајте ги овие сендвичи од само две состојки.

Авокадо и домат
Сочниот домат и излупеното авокадо совршено се надополнуваат за освежителен сендвич. Ваков сендвич можете да направите со каков и да е вид на леб, но највкусни ќе бидат ако го одберете оној со семки.

Пробајте рукола и мед
На љубителите на необични комбинации сигурно ќе им се допадне комбинацијата на рукола и мед. На леб ставете крем сирење па премачкајте малку мед. За поинтензивен вкус ставете на сендвичот малку сушена црвена пиперка, мајчина душица и ливчиња од нане.

Рдоква и путер
Путерот е идеална состојка за сендвичи, а можете да го направите поинтересен со парченца рдоква. Препорачуваме крцкав багет.

Путер од кикирики и сланина

Станува збор за два силни вкуса, но сеедно, одлично се надополнуваат. Испржете ги лентите сланина и ставете ги врз лебот намачкан со путер од кикирики додека се се уште топли.

Шунка и јајца
За оваа комбинација не треба премногу да пишуваме. Варените јајца се многу поздрави од пржените, а ако додадете леб и вкусна варена шунка, ќе имате вистински мал оброк кој можете да го понесете и на работа.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор