Предјадење: Салата со говедско месо

Предјадење: Салата со говедско месо

SHARE

Состојки:

  • 600 г говедско месо
  • 8 средни кисели краставички
  • 2 главици кромид
  • 200 г маринирани печурки
  • 1 китка магдонос
  • 3 лажици сенф
  • 2 дл павлака
  • 0,5 дл маслиново масло
  • 3 лажици јаболков оцет
  • мешавина од зачини
  • бибер

Приготвување:

1. Говедското се вари додека омекне, а потоа се цеди од вишокот течност и ситно се сечка.
2. Кромидот се чисти и се сече на коцкички.
3. Киселите краставички и маринираните шампињони се сечат на стапчиња.
4. Магдоносот се сечка на најситно, па се меша со павлака, сенф, масло, оцет и зачини по желба.
5. Во соодветен сад се мешаат говедското, краставичките, кромидот и шампињоните. Се прелива со смеса од сенф и добро се меша.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор