Вкусно предјадење: Тиквички со сирење

Вкусно предјадење: Тиквички со сирење

SHARE

Состојки:

  • 2 млади тиквички
  • 250 г младо сирење
  • 2 јајца
  • 150 г брашно
  • мешавина од зачини
  • 100 г шери-домати
  • масло
  • сол

Приготвување:
1. Младите тиквички се мијат, се лупат и се сечат на тенки ленти по должина. Се посолуваат.
2. Посебно се матат јајца и се зачинуваат по желба.
3. Посолените тиквички се валаат во брашно, а потоа во изматени јајца. Кратко се пропржуваат на врело масло од двете страни додека поруменат.
4. Сирењето се сече на мали правоаголничиња.
5. На секој лист похувана тиквичка се става по парче сирење и се витка во ролна.
6. По пет полнети ролнички се редат на стапче за раженче иана крајот се става шери-домат. На истиот начин се приготвува целиот материјал.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор