Вкусни залачиња од тесто: Лепче со семки

Вкусни залачиња од тесто: Лепче со семки

SHARE

Малку време и труд ќе ви овозможат секое утро да се будите со мирис на свежо и топло печиво, а фактот дека сте го приготвиле сами ќе ви овозможи посебно задоволство.

За 4 лица

Приготвување: 30 мин.

Печење: 40 мин.

Состојки:

1 шолја брашно од спелта

½ шолја брашно од јачмен

½ шолја брашно од ‘рж

1 лажиче сол

1 лажиче прашок за печиво

1 лажица псилиум

2-3 лажици масло

2 лажици семки по желба (сончоглед, сусам, лен)

3 дл млака вода

Приготвување:

  1. Измешајте ги сите три врсти брашно, додајте сол, прашок за печиво, псилиум, семки, малку масло и вода. Мешајте ја смесата со лажица додека добиете пуфесто тесто.
  2. Истурете ја смесата во подмачкан калап за леб, посипете со семки по желба и притиснете ги со прсти за да се залепат подобро.
  3. Оставете го тестото да мирува во калапот додека се загрее рерната, па печете го лебот на 200 степени, 30-40 минути.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор