Десерт на денот: Колачи од дуњи

Десерт на денот: Колачи од дуњи

SHARE

 

За кората:

  • 300 г мелени кекси
  • 2 дл сок од портокал
  • 120 г шеќер во прав
  • 100 г маргарин

За крем:

  • 100 г маргарин
  • 1 кг дуњи
  • 150 г кристален шеќер
  • 50 г суво грозје
  • 1 лажица сок од лимон
  • 100 г мелени лешници
  • 4 дл слатка павлака

Приготвување:

Кора:

1. Мелениот кекс се прелива со сок од портокал и се меша.
2. Посебно се матат маргаринот и шеќерот во прав, па се мешаат со натопените кекси.

Крем:

1. Дуњите се лупат и се сечат на кришки. Се прелеваат со 4 дл вода и се варат додека не омекнат. Потоа се процедуваат и се миксираат.
2. Шеќерот се мати со 1 дл од течноста во која се вареле дуњите па се меша со пасираните дуњи. Се додаваат мелените лешници, гризјето, маргаринот и се вари на умерена температура 15 минути. Пред крај на готвењето се додава сок од лимон.

Завршна постапка:

1. Во соодветна тепсија се префрла смесата за кора и се измазнува. Одозгора се нанесува изладениот крем и се остава да се стврдне.
2. Кога кремот ќе се стврдне се премачкува со шлаг од слатка павлака.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор