Гулаш од печурки

Гулаш од печурки

SHARE

 

Gulas-Od-Pecuraka

Состојки:

  • 400 гр шампињони
  • 400 гр буковки
  • 400 гр шитаке
  • 2 бабури
  • 300 гр домати
  • 1 главица кромид
  • 1 дл кисела павлака
  • 1 дл неутрална павлака
  • 100 гр сланина
  • 1/2 китка магдонос
  • 5 дл говедска супа
  • 1 лажица мелен пипер
  • 4 лажици зејтин
  • 1 лажица брашно
  • мешавина од зачини, бибер

Приготвување:

1. Печурките се мијат и се сечат на четвртини, сланината и пиперките на стапчиња, доматите на коцки, а кромидот и магдоносот ситно се сечкаат.
2. На малку зејтин се пропржуваат кромидот и сланината, се додава пиперката, буковските и шитаке печурките па се динста со повремено долевање на супа. Кога буковките и шитаке печурките ќе омекнат, се додаваат шампињоните и доматите, па се продолжува со динстањето.
3. Пред крајот се додава мелениот пипер, ладна запршка (мешавина од вода и брашно) и се зачинува по вкус. Во готовото јадење се вмешува павлака, се посипува со магдонос и се служи со пире компири.

Извор: Dobra hrana

Следете нè на Instagram

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор