Плескавици од печурки

Плескавици од печурки

SHARE

 

pecurki-600x396

Состојки:

4 лажици маслиново масло
500 г свежи сечкани печурки
1 мал кромид
180 г мелен овес
125 г рендан кашкавал
200 г презла
2 јајца
Сол, бибер и зачин по желба

Приготвување:

Кромидот се сече на коцки и се пропржува во маслиново масло. Додадете ги печурките и динстајте додека водата не испари. Во меѓувреме додадете и зачини по желба.

Во печурките се додава овес и презла и се зачинува.

Помешајте ги состојките, па додадете го ренданиот кашкавал, а подоцна и јајцата.

Мешајте додека не добиете густа, леплива смеса. Ставете малку масло на рацете, направете плескавици и пржете ги на маслиново масло.

Се служи во чинија, со свежа салата или во хамбургер лепче.

 

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор