Главно јадење: Пица со бело вино

Главно јадење: Пица со бело вино

SHARE

Пицата се приготвува брзо и лесно, а дава неограничени можности за комбинирање на производите. Ние ви предлагаме рецепт со бело вино.

Состојки:

– 250 г брашно
– 4 јајца
– 150 мл маслиново масло
– 150 мл бело вино
– 200 г шунка
– 100 г зелени маслинки
– 100 г црни маслинки
– 100 г кашкавал
– суви растителни зачини

Приготвување:

1. Во чинија измешајте ги брашното, јајцата, маслиновото масло и виното, па додајте половина изрендан кашкавал. Замесете тесто и зачинете го со суви растителни зачини.

2. Шунката исечкајте ја на коцки, а маслинките поделете ги на половинки. Тестото ставете го во тепсија со хартија за печење, а рерната загрејте ја на 200 степени.

3. Распоредете го тестото рамномерно и по него расфрлајте ги шунката и маслинките. Одозгора ставете го остатокот од ренданиот кашкавал, ставете го во рерна и печете 20 минути. Исечете ја на триаголници и сервирајте ја.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор