РЕЦЕПТ: Направете македонски „кавијар“

РЕЦЕПТ: Направете македонски „кавијар“

SHARE

„Македонски кавијар“, благ ајвар или „мармалад од пиперки“ – мачканица што е вистински балкански специјалитет! Идеален за сите што не сакаат или не смеат да јадат лукче!

Состојки: 30 кг пиперки, 400 мл масло, 100 мл вински оцет, 2-3 лажици шеќер, 4 лажици сол, малку есенција, малку конзерванс.

Приготвување: испечете ги и исчистете ги пиперките. Следниот ден, сомелете ги и испржете ги. По 30-минутно „крчкање“ на умерен оган, додајте ги маслото, винскиот оцет провриен со шеќерот и солта. Ајварот е готов кога црпалката ќе остава трага на дното на тенџерето. Држете ги теглите 30 минути во рерна загреана на 100 степени, па наполнете ги со топлиот ајвар. Оставете ги отворени во рерната 30 минути, на 100 степени, па исклучете ја и оставете ги теглите да се ладат во неа до следното утро. Теглите се затвораат третиот ден. Во секоја ставете неколку зрнца конзерванс и покријте ја со хартиена салфетка натопена со 2-3 капки есенција. Затворете ги теглите со метални поклопци и оставете ги на местото каде што ја чувате зимницата. Од ова количество се добиваат 12 тегли.

Прочитајте и: Ладна порција „ројал“

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор